Двојникот на Деди Јенки му украл 2 милиони евра

Крадец кој личел на порториканскиот рапер Деди Јенки украл накит во вредност од два милиони евра од хотелската соба во Валенсија во која престојувал музичарот, пишува шпанскиот весник „Лас Провинциас“. Според весникот, маж кој личел и се однесувал како раперот кој стекна светска слава со „Деспасито“, од хотелската соба се јавил по телефон на вработените и побарал да му го отворат сефот во собата.

Јенки грабежот го открил кога се вратил од настап, по што пријавил во полицијата. Од шпанската полиција за весникот потврдиле дека истата вечер била ограбена уште една хотелска соба, од која биле украдени неколку илјадници долари во кеш.

Официјалниот претставник на Деди Јенки ја потврдил кражбата преку „Твитер“. Во неговата објава стои дека е ангажиран и адвокат кој ќе го следи случајот и текот на истрагата.

Деди Јенки во моментов е на турнеја низ Европа.

Scroll to Top