Еди Марфи по пандемијата им се враќа на стендап-настапите

Холивудскиот актер и познат комичар Еди Марфи вели дека по пандемијата со коронавирусот, планира да им се врати на стендап-настапите. Во гостувањето во емисијата кај неговиот колега Кевин Харт, тој најави дека наскоро публиката ќе може да го гледа низ клубовите.

„Планот беше да го снимам филмот ‘Долемајт’, па да настапам на ‘Во сабота навечер во живо’, да го снимам ‘Враќање во Америка 2’ и потоа да се вратам на стендапот. Но, се случи пандемијата и сè се затвори. Требаше да работам на мојот настап минатата година, но клубовите беа затворени. Еј, кога ќе заврши пандемијава и ќе биде безбедно за настапи, планирам да се вратам“, изјави Еди.

Во моментов тој е актуелен со „Враќање во Америка 2“, продолжението од култната комедија од осумдесеттите години од минатиот век.

Еди Марфи, според многумина, е еден од најдобрите и најпознати сценски стендап-комичари на сите времиња, иако со години не објавил ништо ново на тоа поле.

 

Scroll to Top