Една година по смртта нов албум на Авичи

Со песната SOS, што ќе биде промовирана на 10 април, издавачката куќа на починатиот музичар Авичи го најавува неговиот нов, постхумен албум. Музичарот кој се самоуби пред една година (20 април), пред смртта работел на новиот албум. Авторите со кои тој соработувал, ги завршиле песните. Албумот ќе се вика Tim, според вистинското име на Авичи, Тим Берлинг. Ќе биде објавен на 6 јуни. Парите од продажбата ќе бидат дадени на неговата фондација која им помага на лицата со ментални болести и нагони за самоубиство.

Scroll to Top