Елизабет Харли по 11 дена изолација ја измила косата

Англиската актерка и поранешната партнерка на Хју Грант, Елизабет Харли (54), откри дека по 11 дена во изолација конечно ја измила косата. Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи, а најмногу внимание привлече позирајќи со моторната пила.

Харли во моментов се наоѓа во самоизолација со семејството во својата куќа во природа. Таа вели дека е среќна што може да има мир и што е опколена само со природа. Призна дека воопшто не е загрижена за својот изглед и дека сега немала причина да се шминка.

„По 11 дена конечно ја измив косата и ставив малку шминка. Имам неверојатна среќа што се наоѓам на ова место опкопена со природа околу мене“, призна Лиз.

 

Scroll to Top