Ема Вотсон се откажува од глумата поради нејзиниот свршеник

Актерката Ема Вотсон се откажува од снимањето филмови, наводно поради својот свршеник, пишуваат британските медиуми. Актерката сега смета дека за неа е поважно да поминува повеќе време со бизнисменот Лео Робинтон, со кого е во врска околу година и пол. Нејзиниот свршеник, според странските медиуми, наводно заработува со продажба на легална марихуана во Калифорнија.

Оваа вест ја потврди и нејзиниот агент, кој истакна дека Ема во моментов се откажува од актерството и дека нема да прифаќа нови деловни понуди.

Извор близок до парот за странските медиуми изјави дека не е исклучено Ема и Лео да сакаат да го прошират семејството.

Ема ја прослави улогата на Хермиона во „Хари Потер“ кога имаше десет години, а потоа постојано добиваше големи улоги.

Scroll to Top