Фановите не можеле да ја препознаат Шарлиз Терон кога глумицата се потстрижала и се здебелила 25 килограми

By

Една од најубавите и најфатални жени во Холивуд, Шарлиз Терон, која минатата недела наполни 45 години, вели дека во текот на својата кариера многупати го променила својот физички изглед за улогата во филмовите во кои глумела, така што на фановите им било тешко да ја препознаат.

Таа вели дека често го менува својот имиџ, а најчесто во прашање е фризурата. Таа постојано ја скратува или пушта, а со бојата често знае да експериментира. Најсилен впечаток оставила во улогата на филмот Monster за кој се здебелила 25 килограми.

Улогата на серискиот убиец Ајлин Керол, Шарлиз ја катапултира во една од најголемите ѕвезди во Холивуд. По таа улога, глумицата постојано добивала ангажмани од тој тип.

Минатата година, за потребите на филмот Bombshell, повторно го промени личниот опис, а публиката во трејлерот не можела да ја препознае. Тогаш за Шарлиз биле изработени специјални лицеви протези, кои ја направиле непрепознатлива.

За потребите на филмот Atomic Blonde и Tully, Шарлиз морала првин своето тело да го доведе во топ-форма заради потребите за физичката улога, а потоа да се здебели 15 килограми.

Шарлиз вели дека не ѝ било тешко да се потстриже ќелава кога ја добила улогата во филмот Mad Max: Fury Road од 2015 година. Неодамна објавила и снимка на која ја избричила главата, а во описот на видеото напишала дека е во прашање сеќавање на Фјуриоз, ликот што то играла во тој филм.

Сепак, многумина коментираат дека каква било промена да направи на себе, Шарлиз изгледа занесно и преубаво. Но, не отсекогаш животот бил добар и гламурозен за неа.

Кога имала 15 години, нејзината мајка го убила татко ѝ, кој бил алкохоличар. Таа го убила во самоодбрана. Говорејќи за тоа што се случило, Шарлиз изјавила дека татко ѝ бил толку пијан што не можел да се движи кога влегол во нивната куќа со пиштол во рацете.

„Мајка ми и јас бевме во спалната соба и моравме да ја туркаме вратата за да не му дозволиме да влезе. Се врати чекор наназад и пукаше трипати. Ниту еден куршум не нè погоди, што е вистинско чудо. Но, во самоодбрана мојата мајка пукаше во него“, изјавила Шарлиз во едно од своите интервјуа пред неколку години.

 

 

Ќе ви се допадне