Фановите не сакаат продолжение на „Боемска рапсодија“

„Боемска рапсодија“ можеби ќе добие уште едно продолжение, изјавил режисерот Руди Долезал, кој бил долгогодишен пријател на Фреди Меркјури. Тој сака да сними уште еден филм за популарниот бенд, но фановите не се се воодушевени од тоа.

„Ако се сними продолжение кое ќе се заснова на неговата болест и смрт, тогаш подобро да не го прават тоа. Фреди би требало да остане во убаво светло од оригиналниот филм“, велат некои од фановите.

Режисерот, пак, сака да сними уште еден дел во спомен на неговиот пријател. Тој почнал да работи со бендот по Live Aid, а режирал неколку нивни спотови.

„Не е познато дали приказната на филмот ќе биде фокусирана на животот на Фреди или на бендот“, рекол Руди Долезал за австралиските медиуми.

И гитаристот Брајан Меј, лани во декември ги поттикна гласините за продолжение на „Боемска“.

„Мислам дека тоа е природна кулминација и тоа отсекогаш беше така, од најраните сценарија. Чувствувавме дека концертот беше врвот, но кој знае, можеби постои продолжение”, изјавил Брајан тогаш.

Фреди во филмот го глумеше 37-годишниот Рами Малек кој за улогата освои и Оскар.

Scroll to Top