Фановите разочарани од концертите на „Спајс Грлс“, си ги барале парите назад

Голем број технички проблеми со озвучувањто ја одбележаа турнејата на популарната британска група „Спајс Грлс“. Лондон е последната станица на музичката турнеја, а вкупно се планирани три концерти на стадионот „Вембли“. Првиот се одржа во четвртокот, а идните два ќе бидат денеска и утре.

dobivaj vesti na viber

На турнејата се дружеа четирите девојки Мелани Браун (44), Ема Бантон (43), Мелани Чисхолм (45) и Гери Халивел (46), додека Викторија Бекам (45) не сакала да учествува.

Фановите на еден од нивните последни концерти се бунеле дека не ги слушале добро пејачките за време на настапот, поради лошото озвучување. Прво пејачките и тимот кои е задолжен за организацијата на настапот, се посрамотија на концертот во Даблин, кога бројни посетители се пожалиле на озвучењето.

Некои од обожавателите дури и си заминале однапред, барајќи си ги парите назад. Една од членките Мел Би, тврдела дека техничките проблеми се случиле само еднаш и дека наредниот пат ќе биде подобро. Но, не било така.

Неодамна во јавноста прочури веста дека ќе се снима филм за девојките и дека групата ќе го добие своето анимирано издание. Еден од гласовите ќе ги позајми и Викторија Бекам, која не сакала да настапи на турнејата.

„Спајс Грлс имаа идеја која почнавме да ја развиваме и сите се вклучени во неа“, изјавил претседателот на филмската компанија Paramount, Миреила Сорја. Во филмот ќе се користат нивните најголеми хитови.

 

Scroll to Top