Фановите се уверени дека Шер умира

Светската ѕвезда Шер е на смртна постела, пишуваат некои од нејзините фанови, откако пејачката неодамна на „Твитер“ напиша дека е болна и не може да излезе на протестите за убиството на Џорџ Флојд. Тие се загрижени дека 74-годишната пејачка умира, бидејќи боледува од ретка болест, а наводно има проблеми и со срцето и бубрезите, па со месеци не е станата од кревет. Ова го пренесе и таблоидот „Глоуб“: „Деновите на Шер се избројани“, стои во нивниот натпис.

Шер, наводно, има сериозни проблеми со дишењето, а нејзините симптоми се толку силни што таа не можела да стане од кревет. Загриженоста се засили откако самата пејачка сама напиша дека е многу болна, па не може да излезе на протестите во САД.

„Шер не ги пропушта протестите, но таа едноставно не може да стане. Сите се убедени дека таа е смртна постела оти се бори со вирусот Епстеин-Бар уште од осумдесеттите години. Таа сега е во депресија и со месеци е во кревет. Луѓето кои страдаат од хроничен замор никогаш не можат да се ослободат од болеста. Сите се плашат дека на Шер не ѝ останува многу време“, пишува „Глоуб“.

Scroll to Top