Федерер нема да игра на Ролан Гарос

Роџер Федерер нема да игра на годинашниот „Ролан Гарос“, откако имал операција на коленото. Заради операцијата швајцарскиот тенисер ќе ги пропушти турнирите на земјена подлога, меѓу кои е и вториот грен-слем годинава, но и мастерс-турнирите во Мајами и Индијан Велс.

„Се гледаме на Вимблдон“, напиша Федерер на социјалните мрежи.

Познатиот тенисер откри дека подолго време имал проблеми со коленото на десната нога, поради што морал да го оперира. Според лекарите, Федерер целосно ќе се рехабилитира, но ќе мора да паузира неколку месеци.

Федерер во кариерата има само една титула на Роланд Гарос, во 2009 година. Тој ги пропушти и турнирите во 2016, 2017 и 2018 година, а лани беше елиминиран во полу-финалето.

 

Scroll to Top