Фиби Волер-Бриџ ќе глуми во „Индијана Џонс 5“

 

Актерката и сценаристка Фиби Волер-Бриџ ќе глуми во „Индијана Џонс 5“, објавија  „Лукасфилм“. Ѕвездата на познатата серија „Флибег“ ќе игра една од главните улоги заедно со Харисон Форд којпо петти пат се враќа во улогата на Индијана Џонс. Но, петтото продолжение засега нема наслов.

Четирите делови ги режираше оскаровецот Стивен Спилберг, ама петтиот филм е во режија на  Џејмс Менголд. Легендарниот композитор Џон Вилијамс повторно ќе работи на музиката.

„Возбуден сум дека почнувам нова авантура, соработувајќи со тим од соништата. Стивен, Харисон, Кети, Френк и Џоен се уметнички херои за мене. Кога на тоа ќе ја додадете Фиби, одлична актерка и креативец, не можам, а да не чувстувам среќен“, рече режисерот.

Премиерата на филмот беше најавена за 10 јули 2020, па поместена за 2021, но како последен термин е 29 јули следната година.

Scroll to Top