Големите милиони што Фифти Сент ги заработи од биткоините – „исчезнаа“, но верувале или не, раперот сега тврди дека не ни постоеле!
Имено, тој пред судот за банкарство доставил пишана декларација во која наведува дека во животот не тргувал со овие криптовалути.
„Никогаш не сум ги поседувал, ниту во моментот имам биткоин-налог ниту биткоини“, стои во напишаната изјава на раперот доставена до судот.
Како што наведуваат извори блиски до раперот, тој прифатил неговиот албум во 2014 година, Animal Ambition, да се продава во биткоини.
Ако се верува на приказните, тој заработил 700 биткоини, што денеска изнесува повеќе од 7 милиони долари!
И самиот Фифти Сент своевремено преку социјалните мрежи се пофалил дека заработил сериозни пари благодарение на оваа криптовалута.
„Знам дека ви се гадам, но извинете ме. Морам да ја полнам кесата!“, напишал раперот на „Твитер“.
Во 2015 година раперот прогласи банкрот.