Филмот за Ријана во кината за два месеца

By

Американскиот директор, Петер Берг, открил дека неговиот долгоочекуван документарец, кој го следи искачувањето на Ријана до нејзината слава, ќе го има во кината за отприлика 2 месеца.

Петер, за овој документарен филм прв пат ги открил своите планови во 2015-та година. Го опишал како “нефилтриран поглед во животот на пејачката”.

„Мислам дека Ријана е извонредна млада жена и има многу што да каже за тоа што ја прави ваква каква што е. Работна етика, самиот талент, среќа, енергичност, визија. Навистина е интересна”, ја пофалил директорот. Берг во 2012 година на пејачката од Барбадос ѝ ја дал главната улога во филмот Battleship. Од тогаш се појавила во Ocean’s 8, Valerian и City of a Thousand Planets. Исто так,а кружат шпекулации дека Ријана има во план да снима филм, во соработка со Доналд Гловер.

Ги виделе заедно на Куба како работат на проект под името Guava Island. Во исто време, Ријана рекла дека работи на два нови албуми, кои ќе го наследат успехот на нејзиниот осми албум Anti, од 2016 година. Песните може да ги пушти и пред крајот на 2018 година. Освен што се пронаоѓа во глумата и пеењето, Ријана направила и сопствен козметички бренд Fenty Beauty.

Ќе ви се допадне