Финскиот победник од 2006 година Лорди, се вакцинираше облечен во евровизискиот костум

Финскиот победник од 2006 година, Томи Петер Путансу, познат и како Лорди, се вакцинираше против коронавирус, облечен во евровизискиот костум. Тој изминатиот викенд ја промовираше вакцинацијата и беше дел од акцијата на финските медицински работници, во градот Рованиеми.

Фронтменот на истоимениот бенд, стана познат по победата на Евросонг пред 15 години и костимите кои ги носеа со другите членови на бендот.

Томи овој пат ја примил втората доза од вакцината.

„Ми ставија голема игла во раката. Затоа дојдов”, рече Лорди, додавајќи дека не се сеќава колку концерти бендот морал да откаже или да се пролонгира поради пандемијата на коронавирус.

Лорди на Евровизија во 2006 година настапија со песната „Hard Rock Hallelujah“.

Scroll to Top