(Фото) Адел изгледа како милион долари

Пејачката Адел доби голем број пофални коментари, откако објави фотографија на социјалните мрежи на која таа изгледа ослабено. Адел која до неодамна имаше проблеми со вишокот килограми, сега линијата ја доведе речиси до совршенство, пишуваат британските медиуми, а големи пофалби доби и од фановите.

„Изгледаш како милион долари“, ѝ коментираа обожавателите на „Инстаграм“.

Адел наводно држи строга диета во која зема 1.000 калории дневно и пие зелени природни сокови. Со новата диета почна по разводот.

По подолго време таа се огласи на „Инстаграм“ и објави нова фотографија, по која фановите и упатија голем број пофални коментари за одличниот изглед.

„Фала ви за роденденската љубов. Се надевам дека сите сте безбедни во овие луди денови. Би сакала да им се заблагодарам на сите работници кои ги ризикуваат своите животи за да работат за нас. Вие сте нашите ангели“, напиша Адел.

 

Scroll to Top