(Фото) Адел ѝ оддаде почест на Бијонсе

Британската популарна пејачка Адел ѝ оддаде почест на нејзината колешка Бијонсе и на нејзиниот последен албум Black is King. Адел на својот „Инстаграм“ објави фотографија од неа како позира до сликата со Бијонсе.

„Фала ти кралице што секогаш се чувствуваме сакано низ твојата уметност“, напишала Адел, а фановите споделија многубројни пофални коментари.

Тие ја пофалија Адел и за нејзиниот изглед и дека сега изгледа неверојатно и непрепознатливо. Фановите изразија и надеж дека наскоро во блиска иднина, двете пејачки би можеле да соработуваат и да направат дует.

Адел во изминатите неколку месеци во повеќе наврати ги изненади своите обожаватели со неверојатната трансформација и губењето на повеќе од 40 килограми.

Scroll to Top