(Фото) Адел во бикини откако ослабе 45 килограми

Музичката ѕвезда Адел првпат објави слика во бикини откако ослабе 45 килограми. Таа на „Инстаграм“ сподели фотка на која носи хеланки, бикини со знамето на Јамајка, а косата ѝ е во плетенки банту, што е традиционална африканска фризура. Пејачката откри дека во својот двор направила мала прослава за да го одбележи карневалот во Нотинг Хил, кој се одржува во август, а годинава беше откажан.

Фановите потворно коментираа дека пејачката изгледа одлично, особено што до скоро носеше само широки фустани, но ѝ напишаа пораки да престане да слабее, оти веќе ѝ не личи многу на себе.

 

Scroll to Top