(Фото) Аланис Морисет третпат стана мајка

Канадската пејачката Аланис Морисет на 8 август го роди своето трето дете, синот Мерси. 46-годишната пејачка се породи во нејзиниот дом.

„Тој е тука“, напиша таа покрај црно-белата фотографија од момчето што спие.

Освен Мерси, пејачката и нејзиниот сопруг се родители на тригодишната Оникс-Солас и осумгодишниот Евер Имре.

Инаку, веста за бременоста пејачката ја објави во интервју во март. Таа во интервјуто откри и дека била убедена дека никогаш нема да има големо семејство какво што посакувала.

Scroll to Top