(Фото) Алек Болдвин стана татко шести пат

Холивудскиот глумец Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија вчера добија син. По два спонтани абортуса, Хиларија го роди нивното петто дете и веднаш објави слика на „Инстаграм“.

„Синоќа добивме бебе. Совршен е и не можеме да бидеме посреќни. Останете со нас и дознајте го името“, напиша Хиларија покрај сликата од болница.

Минатата година Хиларија имаше два спонтани абортуси во период од седум месеци. Но и тогаш велеше дека не се откажува и дека сакаат да имаат уште деца.

Освен петте сина со Хиларија, Алек ја има и ќерката Ајрланд, од бракот со глумицата Ким Бесинџер.

Scroll to Top