(Фото) Алиша Силверстоун запуштена и неугледна

Глумицата Алиша Силверстоун, најпозната по улогата во филмот Clueless и музичките спотови на „Аеросмит“, денес е запуштена и неугледна. Глумицата која својот изглед го негуваше со години, сега е запоставена. Папараците ја сликаа пред нејзиниот дом во Лос Анџелес, а на сликите таа е здебелена, без шминка и со неуредна коса.

Според многумина, причината за нејзиниот запуштен изглед е најверојатно разводот од долгогодишниот сопруг, музичарот Кристофер Јарецки. Алиша и Кристофер се разведоа во февруари 2018 година, по 20 години заеднички живот, од кои 13 биле во брак.

„Сè уште силно се сакаат и почитуваат, затоа и ќе останат блиски пријатели, но донесоа заедничка одлука да се разделат. Тие имаат син и ќе се грижат еднакво добро за него“, изјави пред разводот гласноговорник на парот.

Разводот на глумицата и музичарот беше изненадување за многумина, бидејќи важеа за еден од најстабилните парови во Холивуд.

Scroll to Top