(Фото) Ангелот на „Викторија“ има корона, мислела дека има труење од храна

Англиската манекенка Алексина Грахам (30), која минатата година почна да работи за познатиот бренд „Викторија сикрет“, објави на „Инстаграм“ дека е заразена со коронавирус . Таа кажа дека симптомите биле многу тешки и дека на крајот била хоспитализирана. Сподели фотографија од болничкиот кревет со маска на лицето, а потоа ги опиша симптомите што ги чувствувала.

„Повраќав неколкупати на ден. Исто така, се појави и висока температура, а низ телото постојано нешто како да ме печеше. Не можев да изговорам целосна реченица или да дишам нормално. Белите дробови не ми дозволуваа, а грлото ми беше затворено, градите ми беа затегнати“, раскажа Алексина.

„Не можев да влезам или да излезам од кадата самостојно. Исто така, ми требаше помош да станам од креветот. Не можев да јадам нормално затоа што тоа ми претставуваше болка“, додаде таа.

 

Манекенката ги повика сите да останат во изолација и да не ги напуштаат своите домови.

„Ве молам, сфатете го ова сериозно. Ве молим, останете дома сами или со некој со кого живеете. Ова е страшно“, се жалеше познатата манекенка.

Таа исто така со емотивна фотографија и порака ѝ се заблагодарила на помладата сестра, која цело време се грижела за неа сè додека не била префрлена во болница.

Scroll to Top