(Фото) Бекам му ја честиташе победата на Ѓоковиќ

Популарниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам, му ја честиташе победата на тенисерот Новак Ѓоковиќ на турнирот на Вимблдон. Во фантастичното финале, српскиот тенисер беше подобар од Рожер Федерер.

Најдобриот тенисер во светот доби честитки од голем број фанови, а меѓу пораките се најде и една од поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам.

Ѓоковиќ и Бекам се големи пријатели. Бекам вели дека со воодушевување го следел мечот меѓу Србинот и Швајцарецот.

„Честитки и каква игра на двајцата шампиони“, порача Бекам честитајќи им на Рожер Федерер кон кого исто така упати пофални зборови.

 

Scroll to Top