Холивудскиот глумец Бен Афлек и неговата девојка, кубанската глумица Ана де Армас, се приклучија на протестите во Лос Анџелес и ја дадоа својата поддршка за правата на Афроамериканците.
Двајцата се појавија со плакати на кои пишувало „И црнечкиот живот вреди“. Ова е првпат заедно да се појават на јавен настан иако и досега папараците успеаа да ги уловат и снимат во Лос Анџелес.
Неодамна беа снимени како се возат на мотор, а исто така Ана објави и фотографии од нејзиниот роденден кој го прославија во пустина во близина на градот.
Многумина со нетрпение очекуваат да ја видат избраничката на Бен, во новиот филм за Џејмс Бонд, No Time to Die.
(Фото) Бен Афлек ја повозе девојката на својот мотор „Харли Дејвидсон”