(Фото) Бен Афлек лудо заљубен во својата девојка

Бен Афлек е до уши заљубен во својата 15 години помлада девојка, кубанската глумица Ана де Армас, пишуваат светските таблоиди. Двојката била уловена од папараците додека се шетале на плажа во Малибу. Бен и Ана за момент страсно се бакнувале на плажата.

Двојката вели дека повеќе не сака да ја крие својата врска. Друштво им правеа и холивудскиот глумец Мет Дејмон и неговата сопруга.

За потсетување, Бен претходно беше во брак со колешката Џенифер Гарнер, со која има три деца, а од неодамна тој успешно се излекува од алкохолизам.

 

Scroll to Top