(Фото) Блер од „Озборувачка“ ќе стане мајка

Лејтон Мистер, глумицата најпозната по улогата на Блер Волдорф во серијата „Озборувачка“, е бремена. Таа и нејзиниот сопруг, глумецот Адам Броди, вторпат ќе станат родители. Двојката, која ја има ќерката Арло, ја криеше бременоста од јавноста, но папараците ги сликаа вчера, додека беа на прошетка во Лос Анџелес.

Инаку 33-годишната глумица и нејзиниот маж, познат по улогата на Сет Коен од серијата „Округот Оринџ“, не се појавуваат често заедно во јавноста. Тие неколкупати изјавија дека сакаат приватниот живот да го чуваат подалеку од медиумите и јавноста.

Scroll to Top