(Фото) Брук Шилдс со селфи без шминка откри како да немате подочници

Актерката Брук Шилдс и на 54 години изгледа супер и без шминка. Таа го сподели решението за проблемите со подочниците: лепенки под очи.

Овие лепенки за очи се изработени од силикон што ја интензивираат хидратацијата и ја поддржуваат можноста на кожата да ја задржи влагата. Континуираната употреба на овие додатоци, исто така, спречува формирање на брчки на кожата.

За да ги користите, треба да бидете  кожа да ви  е чиста и сува.  Оставете ги лепенките шест до осум часа додека спиете, или неколку часа наутро.

Брук ги носеше лепенките како дел од нејзината утринска рутина, а на Инстаграм го сподели своето селфи без шминка.

Scroll to Top