(Фото) Далеку од очите на јавноста, Меган и Хари се вселија во новиот дом

Поранешната кралска двојка, Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари, се вселија во новата куќа, која се наоѓа 150 километри северно од Лос Анџелес.

Имотот, кој се наоѓа покрај Санта Барбара, вреди 14,65 милиони долари. Во него има девет спални соби, базен, игралиште и градина со ружи.

Пред да се преселат тука, двојката живееше во поранешниот дом на Меган во Лос Анџелес.

„Меган и Хари сакаа приватност за нив и за синот Арчи. Се надеваат дека фановите тоа ќе го почтуваат и поради нив како семејство, но и поради соседите“, изјавил нивниот портпарол.

Според пишувањето на магазинот „Пипл“, во градот во кој се преселија Меган и Хари живеат и Опра Винфри и Елен Деџенерис.

„Хари и Меган сакаат Хари да порасне тука и се надеваат дека ќе имаат колку е можно понормален живот. Хари и Меган никогаш немале намера да живеат во Лос Анџелес“, изјавил извор близок до поранешната кралска двојка.

Војводата и војвотката од Сасекс се преселија во Калифорнија од Канада кога претходно објавија дека имаат намера да го напуштат кралското семејство и со работа самите да се осигурат финансиски и да станат независни.

Тие изјавиле дека во Калифорнија сакаат да работат нешто што има смисла, а меѓу другото, сакаат да отворат и непрофитна организација за Арчи.

Scroll to Top