(Фото) Џенифер Лопез му подари на Алекс Родригез подарок вреден 22.000 евра

Светската пејачка Џенифер Лопез го изненади своето момче Алекс Родригез за Денот на вљубените со подарок вреден 22.000 евра.

Џеј Ло на Алекс решила да му купи скапоцен часовник од брендот Audemars Piguet Royal Oak Chronograph. Поранешниот безбол играч вели дека бил воодушевен од изборот за подарок на неговата девојка.

Откако го ставил на раката, Алекс брзо направил фотографијата која ја споделил на социјалните мрежи.

„Фала ти бебо“, напишал Родригез на Инстаграм.

Scroll to Top