(Фото) Џесика Симпсон е недоветна мајка, дозволила ќерка ѝ да се офарба

Џесика Симпсон доби голем број критики од фановите од типот дека е недоветна мајка, откако пејачката се пофали на социјалните мрежи дека ѝ ја исполнила желбата на нејзината ќерка Максвел да ја офарба косата.

Пејачката објави на „Инстаграм“ фотографии од нејзината ќерка од салонот.

„Зар не е премала за да ја офарба косата?“, Толку е мала… Срамота“, „Зошто почнувате да и ја уништувате косата уште толку мала?“, биле дел од коментарите на фановите.

Симпсон вели дека ќерка ѝ посакала да има боја на коса иста како од цртаните на „Дизни“. Пејачката засега се нема огласено за каков вид на фарба станува збор.

Покрај критиките од фановите, нејзиниот потег го осудија и познати доктори кои ги советуваат родителите да не ги подложуваат своите деца на вакви работи, додека се млади.

„Јас навистина не мислам дека е безбедно да се фарба или избледува косата на дете се до нивниот пубертет. Идеално би било тоа да не се прави се до 16. година“, вели американскиот дерматолог и хирург Сеџал Шах.

Сепак и покрај негативните коментари, имало и пофалби за пејачката и луѓе на кои им се допаднал новиот изглед на Максвел.

 

 

Scroll to Top