(Фото) Џони Деп користи тројца дублери за снимањето во Белград

Актерот Џони Деп ангажирал тројца дублери за потребите на снимањето на најновиот филм „Минамата“. Деп во моментов се наоѓа во Белград, каде го снима филмот, а некои од сцените место него ги снимаат тројца дублери.

Едниот од дублерите е речиси идентичен како Деп, а сцената ја снимаше во близина на Југословенската кинотека. Иако мерките на обезбедување се преголеми, а улицата била затворена за сообраќај и пешачење, папараците успеаа во еден момент да го снимат.

По паузата за ручек, Деп го продолжил снимањето во Цетинската улица. Но, наместо него, сцената ја снимал негов двојник. Покрај големото бројно обезбедување никој не можел да стигне до Џони Деп.

Биле превземени мерки на приватност, а безбедноста била на високо ниво. До Деп можеле да стигнат само луѓето кои биле во екипата од филмот, кои во тој момент биле неопходни.

Вработените во своите договори биле обврзани дека не смеат да му се доближат на Џони Деп, ниту да ги користат своите мобилни телефони.

Актерот синоќа со група луѓе од филмот, биле во посета на еден ресторан во Белград, каде се задржале два часа. Локалот го напуштиле околу полноќ. За целиот тој период, имало обезбедување на вратите кое спречувало влез на било кои лица. Влезот бил доволен само за гостите со резервација.

Деп за време на излегувањето бил опкружен со пријателите. Актерот влегол во блиндираното комбе кое го чекало на влезот. Обезбедувањето со силни батериски лампи се обиделе да ги заслепат, но безуспешно.

Деп во филмот „Минамата“ го толкува ликот на фотографот Вилијам Јуџин Смит.

 

Scroll to Top