57-годишниот лумец Џони Деп е во врска на 33-годишната германска манекенка Софи Херман, пренесува „Дејли мејл“. Тој и Софи поминуваат многу време заедно, а неодамна се забележани во хотел во Лондон. Според очевидците, Деп изгледал „многу среќен и заљубен“, пишува весникот.
Софи, која има и неколку филмски улоги, живее во Лондон. Деп, пак, е во Британија заради судењето со поранешната жена Амбер Херд, но таму снима и нов филм.
Според извори на „Дејли мејл“, двојката се запознала на почетокот на 2020 година, а Софи била таа што ја презела иницијативата. Таа го запишала својот телефонски број на парче хартија и тајно го ставила во гитарата на Џони. Актерот потоа и се јавил, по што, наводно, почнале да се гледаат.