(Фото) Додека Роналдо се сонча, Георгина простира алишта

Голем број фанови ја пофалија сопругата на најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина, дека била вистинска домаќинка. На социјалните мрежи се појави фотографија од нивниот одмор на луксузната јахта и додека Роналдо се сонча, таа ги простира алиштата.

„Мислев дека ваквите ѕвезди имаат луѓе кои им ги извршуваат домашните работи. Девојко, секоја чест. Не можам да поверувам“, биле само некои од коментарите на „Твитер“.

Роналдо и Георгина во моментов крстарат со јахтата во Сен Тропе во Франција. Двајцата се во врска повеќе од три години.

Scroll to Top