(Фото) Две млади девојки му помогнаа на Хулио Иглесиас да дојде до морето

Шпанскиот заводник и пејач Хулио Иглесиас за нешто повеќе од месец дена ќе наполни 77 години, ама тоа не е причина да не ужива во животот.

Фотографиран е како со тешкотии се движи на една плажа во Доминиканската Република, а друштво му прват две девојки.

Неговиот шарм очигледно не избледува, без оглед на тоа што е на прагот на деветтата деценија од животот.

Хулио е во љубов со Миранда (54), со која  живее три децении.

За потсетување, Хулио уште како мало момче имал страшна несреќа во која за малку ќе останел без половина од десната рака, меѓутоа докторот и кардиохирург Дентон Артур Кули успеал да му ја спаси.

 

Scroll to Top