(Фото) Двејн Џонсон им стана сосед на Дензел Вашинтон и Силвестер Сталоне, актерот купи луксузна вила во Беверли Хилс

Холивудскиот актер Двејн Џонсон купи нова вила во Лос Анџелес со површина од 17.630 метри квадратни, за цена од 27,8 милиони долари. Во новата вила има шест спални соби, 11 бањи, терен за бејзбол, тениски терен и вежбалница.

Вилата се наоѓа во Беверли Хилс, во затворен дел од Лос Анџелес, каде што живеат некои од најголемите ѕвезди. Соседи на Џонсон ќе му бидат Дензел Вашингтон, Силвестер Сталоне, Еди Марфи, Софија Вергара и други ѕвезди.

Покрај својот нов дом во Лос Анџелес, Џонсон поседува и куќа со површина од 14,791 квадратен метар, која ја купи за 9,5 милиони долари. Оваа вила Џонсон сака да ја продаде  уште од почетокот на годината, за цена од 7,5 милиони долари.

 

 

 

Scroll to Top