(Фото) Фановите ја нападнаа Адел затоа што премногу ослабе

Голем број фанови на социјалните мрежи ја критикуваа својата миленичка и британска пејачка Адел затоа што за кратко време ослабела премногу.

Адел пред неколку месеци се пофали со новиот изглед ослабувајќи повеќе од 50 килограми за многу кратко време. Деновиве таа со кадрава коса позира пред новиот албум на Бијонсе.

„Жал ми е за тебе. Имам две ќерки. Не те препознаа. Како да им објаснам дека тоа си ти? Изгледаш болно. Жал ми е. Толку сум разочарана. Ти си прекрасна личност, но јас сум збунета, како сега да им објаснам на ќерките дека повеќе не личиш на себе?“, ѝ порача нејзина пријателка.

Имаше и такви што застанаа во одбрана на пејачката.

„Сега таа треба да се срами што успеа да дојде до посакуваната форма? Па, навистина насекаде само зли јазици“, напишал друг.

Адел ги изненади фановите кога за својот 32. роденден позира во тесна црна маица. Таа за Божик минатата година ги изненади сите со својата нова линија. Многумина не веруваат во нејзините изјави дека користела специјална диета.

Тие сметаат дека Адел дошла до посакуваната форма благодарение на хирург.

Scroll to Top