(Фото) Флавио Бријаторе има 46 години помлада девојка

Поранешниот Формула 1 шеф и милијардер Флавио Бријаторе (70) од неодамна е во врска со 46 години помлада девојка. Италијанскиот милијардер се забавува со Марија Лудовика Кампано (24), која беше финалистка за мис Италија во 2014 година. Тој помина романтичен викенд со новата девојка на својата јахта во Сардинија.

Италијанските медиуми пишуваат дека тие се запознале преку заедничка пријателка и откриваат дека Марија е исклучително амбициозна дама, која студира мода во Милано, а веќе има своја линија костими за капење.

До неодамна медиумите го поврзуваа со 20-годишната студентка по право од Милано, Бенедети Боси, но нивната врска не траеше долго.

Бријаторе беше оженет со Елизабета Грегорачи (40), од која се разведе во 2017 година. Тие беа во брак девет години и имаат син Фалко (10). Претходно, тој беше свршен со топ-моделот Наоми Кемпбел, но никогаш не се венчаа. Потоа почна да се забавува со моделот Хајди Клум, со кого ја доби ќерката Лени, но никогаш не го видел детето и не го признаваше за свое.

Scroll to Top