(Фото) Фудбалер и манекенка прогласени за најубави на „Инстаграм“

Манекенката Ксенија Белусов и нејзиниот сопруг фудбалерот Хугао Ука, неофицијално се прогласени за најубавата двојка на „Инстаграм“, која ја има најубавата ќерка.

Двојката повремено објавува фотографии со својата ќерка Вивијан на социјалната мрежа, а секоја од нив има преку милиони лајкови и коментари од обожавателите ширум светот.

Нивните пријатели и фанови во коментариите пишуваат дека Вивијан сигурно ќе тргне по стапките на нејзината мајка и ќе ги краси сите можни насловни страни на светските магазини и таблоиди во иднина.

Вивијан веќе била дел од модни кампањи и работела за марки кои прават гардероба за деца.

Scroll to Top