Израелската актерка Гал Гадот, ѕвездата на филмот „Вондер вуман“, е бремена со трето дете. Глумицата веста ја објави преку социјалните мрежи со семејна фотографија со сопругот Јарон Варсано и ќерките Маја (3) и Алма (9).
Гадот (35) беше бремена вторпат кога ги преснимуваше сцените за првиот филм „Вондер вуман“ во 2018.
„Знам дека звучи лигаво, но се чувствував како чудесна жена кога се пораѓав. Чувството е како да си божица“, рече Гадот лани во интервју.
Претходната вечер Гадот се појави на 78. „Златни глобуси“ во Беверли Хилс и ја додели наградата за најдобар странски филм.