(Фото) Глумецот Бил Наи е причина за разводот на Ана Винтур

Неодамна во јавноста се појави веста дека уредничката на „Вог“, Ана Винтур, се разведува по 20 години брак, а американските медиуми како причина за разводот ја наведоа наводната врска на нејзиниот сопруг Шелби Брајан со неговата бивша жена. Но, британските таблоиди тврдат дека Ана се разведува поради глумецот Бил Наи.

Бил и Ана се пријатели десетина години и често се појавуваа заедно на модните случувања во Британија. Дека меѓу нив одамна постои љубов, а не само пријателство, се пишуваше и во минатотото.

„Немам што да кажам за тоа, веројатно постојат многу шпекулации поврзани со мене и Ана“, рече во една пригода Бил, кој публиката најмногу го памети по улогата во филмот Love, Actually.

Тие последен пат беа видени во јавност минатата зима во ресторан во Њујорк, а според очевидците, додека биле на вечера, Ана ги тргнала очилата за сонце, кои ѝ се заштитен знак. Таа наводно никогаш не ги вади очилата, дури ни кога е во присуство на кралицата Елизабета Втора.

„Цело време се смееше, го допираше за раката, блесакаше со посебна енергија“, рекол гостин во ресторанот за американскиот „Стар“.

Ана Винтур се разведе на 70 години

Scroll to Top