(Фото) Глумецот Кевин Харт повреден во сообраќајка

Американскиот комичар Кевин Харт вчера имаше сообраќајна несреќа во која го повреди грбот, пишуваат американските медиуми. 40-годишниот актер и комичар седел на совозачкото место во својот автомобил, а колата ја возел друг човек.

Според соопштението на полицијата за медиумите, колата „Плимут Баракуда“ од 1970 година, излетала од патот и се превртела во областа Малибу во Калифорнија, откако возачот изгубил контрола над возилото. Харт и Блек биле однесени во најблиската болница, а потоа биле пуштени дома. Во несреќата е повредена и нивната сопатничка Ребека Брукстерман, која се пожалила на болки.

Послената улога Кевин Харт ја имаше во новата верзија на филмот „Џуманџи“. Тој требаше да ги води Оскарите оваа година, но се повчече заради твит напишан пред неколку години, во кој ја напаѓа ЛГБТ заедницата.

Scroll to Top