(Фото) Хали Бери позираше топлес

Глумицата Хали Бери позираше топлес, а фотографијата ја објави на својот „Инстаграм“ профил.

„Љубовта кон себе, никогаш не е себична“, напиша таа.

Глумицата е позната по тоа што обожава наорно да тренира за да добие совршена линија. Тоа и оди од рака, а комплименти постојано добива од своите фанови, иако има 54 години.

На последната фотографија таа за кратко време доби повеќе од 200.000 лајкови. Тие ја пофалија за нејзиниот изглед и коментираа дека и самите тие ќе треба да почнат да вежбаат, за да изгледаат како неа. Според нив, таа воопшто не старее.

Некои приметија и забележаа дека изгледа како да не се чувстува добро, веројатно поради тешкиот развод низ кој таа во моментов поминува. Таа се раздели со нејзиниот сеуште законски сопруг Оливер Мартинез.

Процедурата за разводот ја почнаа уште во 2015 година, по нивниот двегодишен брак. Бери сега одлучи пред судот да се застапува самата себе си.

Бери има две деца, ќерката Нахла и синот Мацеа. Во неколку наврати таа коментирала дека обожава да биде мајка и дека никогаш не е исцрпена и секогаш има доволно енергија за нив.
Таа во моментов се подготвува за нејзиниот нов филм Bruised во кој ќе ги покаже разните боречки вештини со кои располага.
Таа вели дека не постои магичен стап со кој може да се реши проблемот со изгледот. Таа вели дека потребни се строга исхрана и вежбање долги години за да се постигне поскауваниот резултат.
„Не постои магичен стап. Потребно е само напорна работа и посветеност. Многу е важно што јадете“, истакна во едно од своите интервјуа познатата глумица.
Scroll to Top