(Фото) Хоакин Феникс ги помеша чорапите

Оскаровецот и еден од најпопуларните глумци на денешницата, Хоакин Феникс, е уловен од папараците во Западен Холивуд, со два различни чорапи на себе.

Ѕвездата од филмот „Џокер“, бил облечен во опуштено издание. На себе имал шорц, очила, а во рацете држеш шише со вода. На себе носел заштитна маска, поради пандемијата со коронавирус.

Сепак она што најмногу привлекло внимание кај случајните минувачи биле двата различни чорапи кои ги носел Феникс. Дали тоа го направил намерно или случајно, само тој знае, пишуваат американските таблоиди.

 

Scroll to Top