Актерката Кејти Холмс (41) е во врска со готвачот Емилио Витол, кој е осум години помлад од неа. Папараците ги снимиле во ресторан во Менхетен.
Медиумите пишуваат дека Витоло бил сопственик на ресторанот, а меѓу гостите често можат да се видат голем број холивудски ѕвезди, како Џастин Бибер, Бредли Купер, Ријана и други.
Поранешната жена на Том Круз, најверојатно, е трудна со своето второ дете, пишуваат светските таблоиди, кои објавија слики од актерата, а на кои навидно се гледа трудничкиот стомак.