Ќерката на глумците Деми Мур и Брус Вилис, Румер Вилис, позираше во долната облека од познатиот бренд на Ким Кардашијан. Таа се пофали на „Инстаграм“ и истовремено го честиташе јубилејот и роденденот на познатиот бренд.
„Среќен роденден Ким. Фала на целата екипа и на тебе што ме вклучи во сето ова. Драга моја, ти си дијамант“, упатила Румер честитки до целото семејство на Кардашијан.
Нејзините фанови имале само пофални зборови. Фановите и коментирале дека е убава и дека најмногу привлекува внимание со нејзиниот природен изглед.
Имало и такви кои и забележале дека нема потреба да ја промовира долната облека на Ким, но повеќето ја пофалија и напишаа дека нема голема разлика меѓу неа и мајка ѝ.
„Имаш иста коса како мајка ти. А и лицето. Многу си личите. Да не видев за кој профил се работи, ќе си помислев дека тоа е нејзина стара фотографија“, и напишале голем дел од фановите.