(Фото) Кетлин Тарнер и Мајкл Даглас заедно по 32 години

Глумецот Мајкл Даглас по 32 години повторно ќе глуми заедно со актерката Кетлин Тарнер во третата и последна сезона на хит-серијата „Методот Комински“ на „Нетфликс“.

66-годишната Кетлин, претходно гостуваше во две епизоди од серијата и ја глумеше поранешна сопруга на Мајкл, а сега ќе има главна улога и ќе се појави во сите епизоди од серијата.

Мајкл и Кетлин глумеа во заедно во три филма во ’80те години и беа меѓу омилените филмски двојки на публиката. Тие се појавија заедно во „Лов на зелениот дијамант“ oд 1984 година и во неговото продолжение од 1985 година, „Скапоцениот камен од Нил“, а потоа глумеа и во хитот „Војна на розите“ од 1989 година.

Scroll to Top