(Фото) Ким Басинџер лута на ќерка си што објавува голи слики

Актерката и модел Ајрлејнд Болдвин на социјалните мрежи објави фотографија од гола жена легната на кревет. Таа ја налутила нејзината мајка, актерката Ким Басинџер, која помислила дека на сликата е нејзината ќерка гола па искоментирала: „Што? Што? Кој?“  И реакциите на фановите биле поделени, па во коментарите Ајрлјенд морала да објаснува дека таа не е девојката на сликата, туку дека споделила фотка од починатата актерка Роми Шнајдер за да го опише моменталното расположение дека е „мртва уморна“.

Претходно Ајрлјенд го изнервира нејзиниот татко актерот Алек Болдвин. Таа на „Инстаграм“ сподели гола фотографија од неа на балкон.

Ајрлјенд е позната по објавувањето на провокативни фотографии и често ги лути своите родители. Годинава таа објави и слика на која е качена на мотор и на која го покажува задникот. Алек Балдвин уште тогаш рече дека не му се допаѓаат објавите на неговата ќерка.

Алек Болдвин ја искара ќерка си оти го покажува газот на мотор

Scroll to Top