(Фото) Ким Кардашијан убава и пред пластичните операции

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан објави стари слики од пред повеќе од 10 години. Таа вели дека седејќи дома во изолација нашла многу стари фотографии на кои е во различни комбинации што ги спремала за излегување.

„Чувам сè, а исто така организирав фотографии за време на карантинот, па ги најдов овие стари комбинации. Толку добри скапоцени парчиња има овде. Дали се сеќавате на некои од овие мои појавувања? И кога изгорев во Мексико?“, напиша Ким на Инстаграм.

Но, нејзините следбеници веднаш забележале дека на фотографиите била сосема природна, и ѝ порачале дека тогаш изгледала многу подобро.

„Овде изгледаш многу поубаво“, „Операциите не ти биле потребни“, „Зошто си го менувала убавото лице“ се дел од коментарите.

https://www.instagram.com/p/CCU6YieAWp_/?utm_source=ig_embed

Scroll to Top