(Фото) Леонардо ди Каприо се здебелил

Глумецот Леонардо ди Каприо и неговата девојка, топ-моделот Камила Морон, во моментот уживаат на плажите во Малибу. Папараците ги снимија, а медиумите пишуваат дека ако не била Камила со него, Леонардо веројатно немало ни да го препознаат бидејќи многу е здебелен.

Таблоидите пишуваат дека колку глумецот е постар, толку повеќе ги зголемува килограмите. Тој повеќе не личи на она убаво момче, по кого девојките лудуваа во минатото.

Сепак, негови блиски пријатели, кои биле со нив, велат дека на Леонардо воопшто не му пречат килограмите. Тој цело време уживал во брановите и во друштвото на својата девојка.

Scroll to Top