(Фото) Линдзи Вон позира во костим за капење

Една од најдобрите скијачки во светот Линдзи Вон сними рекламна кампања за спортско списание, а обожавателите на социјалните мрежи ги почести со фотографии во костим во капење.

Вон пред месец дена престана професионално да се занимава со со скијање. Таа тогаш изјави дека одлучила да се повлече од спортот, затоа што повеќе не скијала онака како што посакува.

„Секогаш говорев дека кога нема да можам да скијам како што сакам, ќе се повлечам. Никогаш не се плашев, дури ни кога бев повредена. Сепак, телото ми говореше дека морам да престанам и морав да го послушам“, изјавила Вон.

Scroll to Top