Поп-кралицата Мадона троши по 120.000 долари месечно за престој во луксузна вила во Беверли Хилс. Таа вели дека сака да биде изолирана од светот, поради пандемијата со коронавирусот.
Пејачката поседува три огромни недвижности, две во Њујорк и една во Португалија. Сега изнајмила и луксузна вила во Лос Анџелес, пренесуваат светските таблоиди.
Во вилата таа се опоравува од коронавирусот. Вилата е првично изгадена на почетокот на четиритесетите години од минатиот век, за глумецот Берт Лар, кој се прослави во филмот, Волшебникот од Оз“.
Од тогаш во неа живееле голем број на познати личности, меѓу кои и Пол Мекартни, Мараја Кери и семејството Осборн. На почетокот на деведесетите, имотот од речиси 1,5 хектари, е во сопственост на глумицата Мелани Грифит и Дон Џонсон, кои тогаш биле во брак.
Вилата од неодамна била ставена на продажба за 20 милиони долари. Сокриена зад високата жива ограда и импозантните железни капии, куќата од 1400 метри квадратни, има седум спални соби и седум купатила.
Во дворот се наоѓа и гостинска куќа, со уште две спални соби и две купатила. Внатре се наоѓа и просторија за забава, за да може Мадона полесно да го минува времето во изолација. Во вилата има и куглани со две патеки, билијард маси и соби за игра. Има и домашно кино и бар.
Во дворот има голема градина, кујна на отворено, тениски терен, базен и спа центар.